ФРОДЕМ: Груевски да биде маж, а СДСМ да се освести

by Фокус

Фронтот за демократска Македонија – ФРОДЕМ бара Никола Груевски да биде маж и да не дава оставка со „пола уста“, затоа што дал потпис и збор дека ќе се повлече и ќе дозволи техничка влада да ги подготви изборите.

– Никола Груевски не треба заради својот досегашен манупулативен и нечесен начин на владеење и понатаму да ја води во ќор-сокак ВМРО ДПМНЕ. Треба да престане да се крие зад колективната одговорност и партијата да ја става за негов заложник за да на крајот членството ги плати сите негови цехови и гревови – се наведува во соопштението од ФРОДЕМ.

Од фронтот бараат СДСМ, како што велат, конечно да се освести и да осознае дека условите за демократски избори нема да се случат сами од себе, ниту некој од надвор тоа ќе го направи, туку ќе треба со сите сили да се изборат за такви избори.

Од таму бараат од еврокомесарот Јоханес Хан во текот на денешниот ден да изврши силен притисок и се што треба да се донесе од Собранието да се донесе до крајот на денот. Од Хан бараат остро да предупреди дека секое идно тактизирање и забошотување од која било страна ќе биде соодветно казнето, како што тоа меѓународната заедница многупати го правела досега.

Поврзани новости