СДСМ: Тошковски сака партиска милиција под своја контрола

by irena 10:04
10:04

„Министерот Панче Тошковски оди по стапките на Никола Груевски. Со предлог измените на Законот за полиција подготвува партиска милиција под негова контрола. Какви реформи, какви бакрачи, Тошковски го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминал и партиски интереси на ВМРО-ДПННЕ. Класичен рецепт за полициска држава! Предлог-законот за полиција којшто Тошковски го предлага е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран, со многу скандалозни измени кои потврдуваат дека целта е целосна партизација на полицијата“ соопштија денеска од СДСМ.

Велат „Тошковски ги урива и драстично ги намалува критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во полицијата. Го елиминира кариерниот систем, дури и началник на СВР по рецептот на Тошковски да може да биде било кој што тој ќе одлучи. Ги укинува регионалните гранични центри, што е директен удар врз контрола на границите. Сака да овозможи бришење на полициски податоци – што е опасен механизам за прикривање на криминал“.

„Тошковски ги дискриминира младите – со подигање на старосната граница се отвора место само за партиски вработувања во полицијата. Го брише членот што спречува вработување на осудени лица – полицијата станува прибежиште за криминалци. Ова е директен удар врз системот за безбедност и заштита на граѓаните и удар врз професионалците во МВР. Ова не е ништо друго туку правење партиска милиција под капата на Тошковски. СДСМ бара итно повлекување на предлог-законот и прекин на узурпацијата на МВР“ е ставот на партијата.

Слични вести