Најмалку 13 лица загинаа, а 20 се повредени кога автобус што превезувал рудари излета од патот и падна во провалија во регионот Јакутија на истокот на Русија, соопштија денеска локалните власти.
Tragic scenes in Russia’s far-east
14 mine workers were killed and 7 injured when a bus taking them from work plummeted off a 20 meter cliff
First responders still picking through the wreckage pic.twitter.com/KZQXaBgJlT
— RT (@RT_com) July 20, 2025
Несреќата се случила синоќа по 18 часот, односно околу три часот изутрина по локално време. Според Министерството за внатрешни работи на регионот, возачот ја изгубил контролата над возилото, по што автобусот паднал во провалија длабока околу 25 метри.
Инцидентот се случил на индустриски пат кај рударско-преработувачкиот комбинат „Денисовски“, кој се занимава со ископ и преработка на јаглен.
Против одговорните е покрената кривична постапка за занемарување на безбедноста. Индустриски несреќи од ваков тип се чести во Русија, главно поради слабите безбедносни стандарди.
Локалните власти го прогласија 22 јули (вторник) за Ден на жалост.