423
Груевски наместо да ги лаже и загрижува чесните судии, нека се посвети на својата одбрана, реагираат од СДСМ на изјавата на Никола Груевски дека целта на изјавата на Зоран Заев за промени во судството е заплашување на судиите.
-Граѓаните ја одбранија правната држава со тоа што гласаа за демократските промени што веќе се случуваат. Тие промени носат и нова реформска Влада којашто ќе обезбеди независно судство преку резибор на судии по најдобрите европски пракси. Никола Груевски наместо да ги лаже и загрижува чесните судии кои ќе бидат ослободени од притисоците на фамилијата, нека се посвети на својата одбрана. Сваровски судството завршува. Во Македонија правото ќе важи подеднакво за сите, порачаа од СДСМ.