Груевски: Не е во ред секое мнозинство да менува и заплашува судии

by fokus

Целта на изјавата на Зоран Заев дека ќе има реизбор на судиите е заплашување на судиите и заштита од постапките коишто се водат против него, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Не смее да се случи повторно да завладеат со судството од партиска позиција. Многу е јасно  и од авион се гледа дека идејата е да се направи прво заплашување на судиите, а веројатно  во глава има некаква промена со цел да се заштити себеси од постапките коишто се водат против него. Под плаштот дека сака да направи реформи сака во најмала рака да ги заплаши судиите,  а доколку има некаква можност да направи некакви промени за неговите пријави коишто се полни со докази да останат нерешени или пак да бидат решени во негова полза, изјави Груевски.

Тој додаде дека реизбор на сите судии е невозможен затоа што Законот за судии е двотретински и ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи за реизбор на судиите.

-Секоја друга замисла да се стави партиска капа, партизирање на судството  од страна на СДСМ ќе наиде на жестока реакција кај ВМРО-ДПМНЕ, а верувам и кај граѓаните. Не е во ред секое мнозинство во налет на доаѓање да менува судии, да заплашува судии, да се заканува со реизбор на судии за да си остварува свои цели, рече Груевски.

Поврзани новости