СДСМ најостро го осудува инцидентот во Битола, во којшто се фрлени молотови коктели кон Музејот на албанската азбука и очекува надлежните органи во најбрзо време да го расветлат случајот.
-Предупредивме дека насилството и омразата поттикнати лично Никола Груевски и поддржани од Ѓорге Иванов водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и по Република Македонија. Мнозинството граѓани на изборите на 11 декември се изјаснија против политиките на поделби, изолација, омраза и нетрпеливост на досегашната власт и избраа заеднички живот во едно општество за сите. Оттаму, сценаријата што имаат да предизвикаат конфликт и судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија со цел да се спасува Никола Груевски со соработниците од одговорност за криминалите – нема да успеат, порачува СДСМ.
Партијата ги повикува граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокациите на, како што вели, исплашената власт во заминување.