СДСМ: Ставрески повторно го крие јавниот долг

by Фокус

Човекот којшто е главен реализатор на шемите на Груевски „трошиме за чоколадо а немаме за леб“, Зоран Ставрески, не го почитува Законот за јавниот долг,  што самиот си го побара а му го изгласа владејачкото мнозинство, реагираа од опозицискиот СДСМ.

– По скратена постапка, кога опозициските пратеници не учествуваа во работата на Собранието, власта самата си изгласа промена на Законот за јавен долг. Целта беше нереално да се прикаже вистинската сума на јавниот долг.Согласно истиот овој закон Ставрески имаше обврска да објави колкав е државниот и јавниот долг на 30 октомври 2015 година, односно вчера – реагираа од опозициската партија.

Како што може да се увери целата јавност, рокот измина. Ставрески го прекши законот, долгот не е објавен.

Ставрески очигледно повторно го крие долгот од јавноста.

Поврзани новости