СДСМ: “Системот“ на Груевски истера над 600.000 луѓе од земјата

by Фокус

Поради „системот“ на Никола Груевски од Македонија си заминале над 600.000 граѓани, најголем број млади, според податоците на Светска банка, тврди СДСМ.

– „Системот“ на Никола Груевски донесе голем економски пад, сиромаштија, блокирани фирми, нееднаквост, партизирани институции, нефункционален здравствен систем, недемократски амбиент, задушени слободи и права на граѓаните…Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Тоа се над 21.000 домашни фирми коишто поради „системот„ на Груевски не можат да работат. Единствени „отворени врати“ во „системот„ на Никола Груевски има за криминалот и корупцијата во врвот на власта, којшто со години цвета а партизираните институции воопшто не постапуваат. Хибриден режим е најдобра дефиниција за „системот“ на Груевски кој ја уназади Република Македонија- тврдат од СДСМ.

Поврзани новости