СДСМ: Ставрески го напушти бродот што тоне

by fokus

Еден од клучните играчи на режимот го напушти бродот што тоне, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски по поднесувањето на оставка на министерот за финансии, Зоран Ставрески.

-Оставката на Зоран Ставрески покажува дека се распаѓа бетонот на фамилијата на власт. Ставрески долго време знаеше дека се уништува економијата и осиромашуваа граѓаните, додека фамилијата се богатеше. Сѐ има свој почеток и свој крај. Крајот на режимот е блиску, рече Манчевски.

Манчевски додаде дека од СДСМ му посакуваат добро здравје на сега веќе поранешниот вицепремиер, Зоран Ставрески.

Поврзани новости