СДСМ: Статусот на Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ излезе низ устата на Мицкоски

by fokus

Костадин Костадинов од СДСМ реагираше на денешната прес конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и рече дека Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ.

-Денеска од Христијан Мицкоски ја слушнавме истата стара приказна, на нова повторувачка прес конференција. Фејсбук статусот на Никола Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ, излезе низ устата на Христијан Мицкоски.  Единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов. Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет. Она што Мицкоски денеска го побара е спротивно од она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат. Затоа, бадијала сонува, овие желби на Мицкоски нема да се остварат. Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана. Ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена одат спротивно од тоа, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш, рече Костадинов.

Поврзани новости