СДСМ: Специјалниот обвинител да се позанимава со парцелите на Груевски на Водно

by Фокус

„Како што јавија медиумите, компанијата Орка Холдинг ја купила фантомската фирмата „Сирах Инженеринг“ од даночниот рај Белизе, инаку сопственик на овие парцели. Така, сопственоста на парцелите на Водно од 11.000 м2 сега завршува во оваа фирма, исто така блиска до фамилијата на власт.Освен промената на газдата, сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски и брат на неговата лична секретарка“- изјави Дамјан Манчевски од СДСМ.

Во неговата изјава тој потенцираше дека јавноста многу добро знае за алчноста на Груевски за илјадници метри кавдратни на Водно, вредни милиони евра.

„Од аудио доказите коишто ги објави СДСМ евидентно е дека токму Никола Груевски, лично и прецизно договора со Миле Јанакиевски каде и колкава да биде парцелата на Водно. Граѓаните ги слушна разговорите каде што Груевски и Јанакиевски договараат промени на ДУП-опт и ГУП-от, како Груевски бара начини да се прошири парцелата, се интересира за „највисоката точка“, да нема никој „над него“, бара пат, ѕид, тргува со плацевите…

Врз основа на аудио доказите поднесена е и кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран крминал и корупција против Никола Груевски, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејствиа во врска со парцелите на Водно. Со овој случај ќе се занимава и Специјалниот јавен обвинител“- рече тој.

Според СДСМ постапката на Груевски со промената на сопственоста, многу наликува на постапките на неговиот политички ментор, Георгиевски, со продажбата на куќата на Водно, кога тој беше откриен од јавноста.

 

Поврзани новости