591
Од Социјалдемократскиот сојуз денеска обвинија дека власта прави злоупотреби со доделувањето на социјални станови.
-На сите им е јасно како оди распределбата на социјалните станови и какви злоупотреби се прават со нив. На бодовните листи највисоко котирани се активисти на ВМРО-ДПМНЕ коишто имаат живеалишта, а најдолу се оние коишто се без дом и коишто живеат во импровизирани живеалишта. Такви примери има многу а највпечатливи се примерите во Ресен, Демир Хисар и Прилеп – велат од СДСМ.
Од партијата го повикаа експремиерот Никола Груевски да објасни зошто беше срушено ромското маало под Кале, без претходно на граѓаните да им биде обезбедено друго живеалиште.