СДСМ со предлог закон за бесплатно болничко лекување за сите

by fokus 15:41
15:41

Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ денеска оддржа прес-конференција на која што го презентираше предлог законот на новата влада за реформи во здравствениот систем.

-Ветивме дека здравјето на граѓаните ќе биде наш врвен приоритет. Денeска сме овде за да соопштиме дека веќе e подготвен Предлог законот за измени и дополнувања на законот за здравствено осигурување, со што ќе обезбедиме бесплатно болничко лекување за сите осигуреници. Овој предлог закон е еден од првите што ќе ги поднесеме во Собранието, затоа што наша цел е сите граѓани да имаат достапни болнички услуги. Со измените, целосно ја укинуваме болничката партиципација за сите осигуреници. На овој начин никој нема да остане без болничка услуга само заради тоа што нема пари да плати, рече Мехмедовиќ.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Поврзани новости