СДСМ: Со петтиот пакет економски мерки, продолжува вистинската грижа за граѓаните

by Fokus

Започнува реализацијата на петтиот пакет економски мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ, наменет за граѓаните, за подобрување на ликвидноста на стопанството, за стабилна и развојна македонска економија, кој треба да ги врати стапките на раст меѓу 4 и 5%, како во времето пред пандемијата, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ..

-Петтиот пакет мерки, донесен низ инклузивен пристап со сите засегнати страни, содржи 29 мерки, во вредност од 160 милиони евра. Мерките се распределени во 4 главни столбови. Директна финансиска поддршка за компаниите за да се задржат работните места во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани.Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор преку бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници. Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки и четвртиот столб предвидува директна поддршка за граѓаните, појаснуваат од СДСМ.

Според нив овие мерки ќе ја раздвижат економијата, но и ќе ги сочуваат работните места. За финансиска поддршка на плати за вработените се наменети една милијарда и деветстотини и дваесет милиони денари со опфат од околу 60.000 работници месечно.

-Од почетокот на пандемијата владата предводена од СДСМ креираше и реализираше четири пакети навремени и таргетирани економски мерки, со кои 1,2 милијарди евра завршија кај граѓаните и кај компаниите, погодени со кризата. Како одговорна партија СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за работниците, компаниите, за економијата, се вели во соопштението.

Поврзани новости