СДСМ алармира дека секојдневно многу градови низ државата се со загаден воздух, а власта не преземна мерки за да го спречи тоа. Во нивната реакција се наведува:
-Воздухот во градовите ширум Македонија секојдневно е со огромни концентрации на штетни, канцерогени ПМ 10 честички. Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените честички.
Тоа значи дека половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух.Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Битола, Тетово, Кочани, Велес, Кичево, Кавадарци изнесува 3 пати над дозволената граница.
Недозволиво, неодговорно и срамно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.Цели 10 години провладините медиуми шират лаги, тераат пропаганда и водат медиумски хајки додека речиси цела Македонија се гуши од загаден воздух.
Според нивните пресметки со потрошените 20 милиони евра за провладините медиуми ВМРО ДПМНЕ можела да спречи загадување на воздухот.
-За три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа, задолжени за ширење на владине лаги завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните. Заедно милионите на сметките на „Република“, „Курир“, „Радио Слободна Македонија“ и ново објавените 4 милиони евра за сопственикот на ТВ Нова, тоа се неверојатни 20 милиона евра! Да се инвестираа овие 20 милиони евра во заштита на животната средина граѓаните на Македонија немаше да дишат загаден воздух, велат од СДСМ.