СДСМ најжестоко и најостро го осудува насилството врз новинарите од А1он, кои на вечерашните протести организирани од „За заедничка Македонија” беа физички нападнити, по што завршија во Ургентниот центар во Скопје.
-Бараме од Никола Груевски и од криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат, за спас на сопствената кожа, да провоцираат и поттикнуваат нецивилизирано дивеење кое што вечерва кулминира со тешки телесни повреди на медиумски работници.
Повиците за линчови, говорот на омраза, нарачаните инциденти во кои има каменувања и кршење објекти, обидите за вознемирувања на семејства во домови мора веднаш да запрат- се вели во соопштението.
СДСМ ги повикува граѓаните “да не подлегнуваат на провокациите и да останат мирни, на браникот на демократските процеси”.