Приведени лица осомничени за нападот на новинарите

by fokus

Министерството за внатрешни работи привело лица осоминичени за нападот на новинарската екипа на А1он, на протестите организирани од иницијативата „За заедничка Македонија”.

Оваа информација ја испратил министерот Агим Нухиу до Здружението на новинари, но не откри колку лица се приведени, ниту како и каде биле фатени напаѓачите.

На протестот пред Собранието, беа физички нападнати двајца снимателот на А1он, Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски. Поради повреди, новинарите беа префрлени во Ургентниот центар во Скопје, а напаѓачите избегаа од местото.

Министерот вели дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости