733
Конечно, цела јавност гледа како звучи сечено-лепено, реагираат од СДСМ откако беше објавена аудио-снимка од 12 минути со гласот на Зоран Заев, на која се споменува адвокатот Васил Димишков и сума од 6 милиони евра.
„Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она „марш“ од претседателот Заев во разговорот. Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција“, стои во партиското соопштение.