Арсовски: Снимката покажа дека парите од рекетот завршувале кај Заев

by Фокус

На оваа снимка се слуша она што целата јавност и граѓаните веќе го знаат, а ние го говориме подолго време, дека сите пари од рекетот завршувале кај Зоран и Вице Заеви, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, откако беше објавена аудио-снимка од 12 минути со гласот на Заев, на која се споменува адвокатот Васил Димишков и сума од 6 милиони евра.

-6 милиони евра е сумата која Зоран Заев ја бара и зема преку адвокатот Димишков, имено брат на судијката Димишкова. Зоран Заев е шефот на рекетарската група која го изврши најголемиот рекет за кој слушнала јавноста во Република Македонија. Претходно, во друг аудио запис граѓаните слушнаа како самиот Димишков вели дека Зоран и Вице Заеви забегале во барањето на огромни суми на рекет, односно дека барале 6 милиона евра и дека тој ќе се обидел да намали – рече Арсовски.

Поврзани новости