Ни смената на Панче Кралев, ниту на Никола Тодоров или најавената на Спиро Ристовски, нема да ги поправат штетните последици од стресот врз децата, нивните родители и наставници и професори, на што алармираат психолози, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
„Никола Груевски, наместо да менува министри, за да се амнестира себе си од одговорност за хаотичниот проект екстерно тестирање, потребно е веднаш да прифати укинување на непотребната реформа.
СДСМ смета дека екстерното тестирање треба да се укине и да се замени со мерки за редовна евалуација на учениците, наставниците и училиштата, преку стимулативни награди“, предлагаат од опозоциската партија.
СДСМ потенцира деак 10-ти јуни некогаш беше ден кога учениците доаѓале насмеани и расположени во училиште, кога учениците и наставниците заедно во шеги споделувале што поминале низ годината, зашто е 10-ти јуни, крај на учебната година, ден за радост.
„За жал, денешниот 10-ти јуни е пеколен за илјадници основци и средношколци, нивните родители и професори, а стресот не завршува тука. Учениците на последниот ден од учебната година полагаат екстерно“, потенцираат од партијата на Зоран Заев.