СДСМ: Скапоцениот бел дворец на ВМРО е симбол за корупција

by Fokus

„Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за корупција, кога токму нивниот скапоцен дворец каде што шират лажна загриженост е симбол на корупција, криминал и расипништво, реагираат од владејачката СДСМ.

„Поради 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ Македонија стана заробена држава во која цветаа криминалот, корупцијата и неказнивоста. Доказ за тоа е се и судските процеси што се водат против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и членови на претходното раководство. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ започна сериозни реформи за вистинска, независна и неселективна борба против корупцијата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

Поврзани новости