СДСМ: Сите опции се отворени, има разлики во записниците

by fokus

Дамјан Манчевски од СДСМ попладнево на прес конференција рече дека засега сите опции остануваат отворени.

-Резултатот потврдува само едно: Режимот на Груевски е поразен. И самите сте сведоци дека не може да кажеме колкав е конечниот број на мандати затоа што премногу се мали разликите во премногу места, ги собираме записниците од терен, може да има промена на проекциите, рече Манчевски.

Тој посочи дека ја имаат апсолутната бројка на гласови, но таа не е важна затоа што има некои разлики во записниците особено во оригиналните, така што мора да се почека да завршат аналитичките процеси.

Поврзани новости