Соочена со слабата поддршка од граѓаните, кандидатката на ВМРО -ДПМНЕ Гордана Силјановска, во очај грубо злоупотреби деца во политички цели и за изборна кампања, обвинуваат од СДСМ.
-Немајќи што конкретно да понуди пред граѓаните, Сиљановска злоупотреби деца без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село, каде трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот центар за социјални работи.
Иако е јавно познато дека за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата, очајната Сиљановска се обиде да прикаже нереална слика за наводен недостиг на храна во детското и свесно ги злоупотреби децата заради политички маркетинг.
Со таквото однесување, Сиљановска делува спротивно на Изборниот законик, како и на ратификуваната Конвенција за правата на детето.
Сиљановска најгрубо ги злоупотреби дечињата и ги прекрши нивните детските права. За таквиот потег очекуваме реакција од сите надлежни институции, вклучително и од Државната изборна комисија.
Кандидатката на Мицкоски уште еднаш покажа дека не е достојна да ја извршува функцијата за која се кандидира, се вели во соопштението на СДСМ.