СДСМ: Силјановска не се огради од криминалот на Груевски, не ни треба нов полтрон како Иванов

by Фокус

Како што се очекуваше, Мицкоски денеска го официјализираше својот кандидат кој застана рамо до рамо со него против напредокот, НАТО и ЕУ и тргна по стапките на Ѓорге Иванов и Никола Груевски, соопшти СДСМ, реагирајќи на изборот на Гордана Силјановска – Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гордана Силјановска денеска имаше шанса да покаже дека се разликува, дека е против антизападните политики на Мицкоски и да се огради од нив, но тоа не го направи. Силјановска не се огради ниту од криминалните политики на Никола Груевски, ниту од деструктивните активности на Христијан Мицкоски против напредокот на нашата земја, против Договорот од Преспа, против НАТО и ЕУ. Исто така, Силјановска не го осуди ниту говорот на омраза и поделбите на граѓаните кои што доаѓаа од нејзини колешки, колеги, блиски до ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на социјалдемократите.

Од таму додаваат дека на државата не и е потребен уште еден партиски полтрон како Иванов, туку, како што велат од таму, вистински претседател на сите граѓани, кој ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

Поврзани новости