427
Христијан Мицкоски продолжува со својата пракса да нема став за секое прашање што е од национална важност, соопштија од СДСМ.
„Со недели Мицкоски не дава одговор и не им кажува на граѓаните што одлучи, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане изолиран со Димитар Апасиев во антиевропскиот блок. Наместо тоа Мицкоски како по обичај реши да пласира нови лаги, нови небулози со кои се обидува да ја лаже македонската јавност. Лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират одново ќе бидат демантирани пред јавноста и ќе пропаднат како и сите претходни“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека Мицкоски треба да знае дека блокада на европскиот пат освен што значи загрозување на иднината на земјата, негативно ќе влијае и на односите со САД.