452
Амбасадор, во Москва, ќе биде Гоце Карајанов, актуелниот конзул на Македонија во Њујорк, кој случајно е син на македонскиот амбасадор во Албанија, Стојан Карајанов, реагираше денеска СДСМ.
– Во пресрет на европскиот извештај за напредокот на Република Македонија за 2014 години се случува дополнителна партизација на МНР. Ова се случува после срамот во Русија кога амбасадата беше под клуч бидејќи тогашниот амбасадор, Шундовски, самоиницијативно си замина на одмор. Семејно партиските врски диктираат сѐ во МНР додека Македонија ги губи сите меѓународни позиции – велат од опозициската партија.