ДС: Преодната Влада да обезбеди слободни избори

by Фокус

-Демократскиот сојуз очекува преодната Влада да биде во функција на смирување на политичката криза и создавање предуслови за рамноправен политички натпревар, презентација на политичките програми и слободно изјаснување на граѓаните на денот на изборите, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз по повод постигнатиот договор меѓу политичките партии.

-Врвен приоритет треба да биде стабилноста на државата, градење на консензус и единство за националните и државните интереси, одржлив економски развој, владеење на правото и нормално функционирање на сите институции, како и целосна департизација и деполитизација на државните институции“, а не државата „и натаму да биде во заложништво на личните интереси и интересите на четирите партии, стои во соопштението.

Демократскиот сојуз очекува Министерството за внатрешни работи во соработка со Специјалниот јавен обвинител, да работи непристрасно и неселективно во расчистување на аферата „ Пуч“, односно аферата незаконито прислушување, како и сознанијата кои произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.

Поврзани новости