СДСМ: Се повеќе членови и функционери на ВМРО излегуваат на референдумот

by Фокус

Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни бидејќи се повеќе нивни членови излегуваат и гласаат на демократски референдум, реагираат од СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владејачката партија телефонски ги потсетува граѓаните да излезат на референдумот.

„Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, бидејќи и покрај бојкотот што го заговараше раководството на партијата, пратеници и членови на ВМРО ДПМНЕ излегуваат на референдум и гласаат. Лажните вести пласирани од опозициската партија не се ништо друго освен панична реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и покрај бојкотот што го диригира Христијан Мицкоски и дел од негови приврзаници, се повеќе претставници и членови на партијата го игнорираат, излегуваат и го користат своето демократско право да одлучуваат за иднината“, стои во соопштението од СДСМ.

Од таму додаваат дека лажните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани и од Државната изборна комисија, којашто потврди дека референдумот се спроведува слободно и демократски.

Поврзани новости