420
Заминувањето на Иво Котевски од полицијата во ВМРО ДПМНЕ донесе низа прашања и ги разбуди партиските штабови. Според Социјалдемократскиот сојуз тоа ја потврдува досегашната партизираност на МВР.
– Министерството за внатрешни работи во изминатиот период функционираше како партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ, или како „МВРО-ВМРО“ по признанието на Гордана Јанкуловска. Причините за бегањето на Котевски од МВР пред доаѓањето на новиот министер за внатрешни работи, јавноста дополнително ќе ги дознае, се вели во соопштението на СДСМ.