Во првиот сет разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, првата полицајка Гордана Јанкулоска и министерот за образование разговараат дека Живко Поповски, таткото на министерот за надворешни работи Никола Поповски го избркал претседателот на синдикатот, затоа што се жалел дека раководството им прави реперкусии.
Потоа, разговорот продолжува дека факултетите се полни со асистенти со партиски книшки, а Јанкулоска објаснува дека во Агенцијата за вработување, нивните од ВМРО-ДПМНЕ поминале, СДСМ немало шанси да поминат, но проблем им биле неопределените.
Таа, исто така објаснува дека, тие од Агенцијата за контраразузнавање кои се незадоволни решиле да тужат, па од тие причини требало да ги избркаат.
Заев вели дека лично од Јанкулоска ќе се слушне како возниот парк на МВР е претворен во партиски возен парк и како од УБК биле тргнати, биле ставени во суфицит, сите кои биле незадоволни и тужеле