СДСМ: Сѐ помалку се произведува струја, сѐ повеќе се увезува

by Фокус

Во првите девет месеци од оваа година, произведени се 1.138 гигават часови (Gwh) помалку струја од планираното! Планирано било производство на 4.657 гигават часови струја а произведени се само 3.519. Наместо домашна произведена струја зголемен е увозот на електрична енергија за над 700 гигават часови, изјави денеска пратеникот од редовите на СДСМ, Васко Ковачевски.

– Планиран бил увоз на само 1.569 а увезени се 2.285 гигават часови. За само 9 месеци од оваа година. За овој период над 40 отсто од вкупната струја е увезена а тоа го плаќаат граѓаните и фирмите. Факт е дека Македонија се помалку произведува, а се повеќе увезува струја. Ако се земе во предвид откажувањето на Блок 1 во РЕК Битола, застојот во ХЕЦ Маврово и РЕК Осломеј, до крајот на годината овие податоци ќе бидат уште полоши – додаде Ковачевски.

Поврзани новости