Жерновски ја кани Јанкулоска во Центар за да го расчистат ланскиот инцидент

by Фокус

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски уште еднаш ѝ се обрати на министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска преку јавно писмо за ланскиот инцидент пред Општина Центар.

–  Искрено жалам што МВР сѐ уште ниту ги откри, ниту поведе постапки против насилниците, кои пред објективите и камерите на медиумите кршеа јавен имот. Чувствувам непријатност кога Европската Комисија, втора година по ред, нотира сериозни забелешки за односот на централната власт кон Центар. Дополнително, во изминативе години, јавноста била сведок и на спектакуларни апсења и на серија прес конференции со кои и Вие и Вашето министерство сте обелоденувале повеќе полициски акции нарекувани со „звучни“ називи со кои сте се обидувале да создавате перцепција за ефикасност. Без оглед дали непревземањето на конкретни мерки на МВР за инцидентите во Центар, е последица на недостаток на капацитет, или отсуство на политичка воља, недозволиво е 15 месеци да не се откријат насилници фатени на камера. Уште повеќе, што наводната НВО „Веритас“, која тогаш се јави како организатор на протестите, воопшто не е регистрирана како невладина организација. Оттука, со желба да се расчисти инцидентот, во неколку наврати Ви се обративме со барање да се преземат сите неопходни мерки за целосно расчистување на настанот, кој е нотиран во дневниот билтен на МВР, уште на 08.06.2013 година – пишува Жерновски.

Градоначалникот на Центар понатаму ја кани Јанкулоска во термин кој таа ќе го одреди, да присуствува на седница на советот на Општина Центар, за да ги расчистат сите дилеми поврзани  инциденот.

Општина Центар презентираше и фотографии на дел од луѓето кои учествувале во инцидентот, фатени во кадри со Јанкулоска и со премиерот Никола Груевски.

Slika 1

Slika 2

Поврзани новости