СДСМ: Решението е во заминување на оваа Влада, а гласот на јавноста никој нема да го спречи

by Фокус

Владата на Никола Груевски се исплаши од громогласното НЕ за т.н државен испит. Затоа одлучија решението за екстерно тестирање да го промовираат во недела, завиткан во куп избрзани образовни измени, за коишто, за некој месец ќе треба некој нов “државен испит“. Со ваква реакција излегоа денеска од опозицискиот СДСМ.

– Насилието на Владата спроти ставот на 10 илјади студенти и спроведено во моменти кога факултет по факултет излегуваат со отфрлување на владиниот предлог за “државен испит“ е класичен доказ со каква незрела и егоистична власт си имаат работа граѓаните во Македонија. Дополнително, потегот на двоецот Адеми -Ристовски е капитулација на осумгодишните погрешни владини политики што го доведоа образованието на раб на катастрофа. Решението е во заминување на оваа Влада. А, гласот на јавноста никој нема да го спречи – се наведува во писмената реакција од СДСМ.

Поврзани новости