СДСМ „распали“ кон опозицијата: Хидро Мицкоски продолжува да биде заштитник на криминалите на неговиот Груевски

by fokus

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Хидро Мицкоски се фатени во лага, граѓаните ги дознаваат шемите со Никола Груевски и дознаваат како се стекнати хидроцентралите, велат од СДСМ.

„Јавноста вчера дозна дека компанијата “Енерготек ДОО Скопје“ каде дел од сопственоста има Мицкоски, има удел од 99% во конзорциумот „Минка-Енерготек“.

Истиот тој конзорциум во 2015 година, додека антизападниот Мицкоски бил советник кај неговиот ментор Груевски, токму од Владата на Груевски добива земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.

Очигледна е спрегата на антизападниот пион Мицкоски со криминалите на Груевски и таа секојдневно излегува на површина. Затоа Хидро Мицкоски продолжува да биде заштитник на криминалите на неговиот Груевски.

Јавноста ќе ги дознае сите детали за спрегата на Мицкоски со неговиот ментор и носител на криминалот, Груевски“, додава владејачката партија.

 

Поврзани новости