СДСМ: Раководството на ДПМНЕ поради направените криминали и злодела често го замислува Идризово

by Fokus

Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ гледаат дека целата домашна и меѓународна јавност од Република Македонија очекува реформи и расчистување на скандалот со прислушувањето и содржината на прислушуваните разговори, кои упатуваат на сериозни криминали што тие ги правеле, реагираат од опозицискиот СДСМ.

– Поради тоа веќе има и обвинети и осомничени, во најголем дел од најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со партискиот претседател Никола Груевски. Затоа толку го мислат и замислуваат Идризово, од кое што се оправдано многу исплашени. Но, граѓаните 10 години страдаат од криминалите и злоделата што им ги правеше несовесната власт и сите требало да знаат дека ќе дојде моментот на одговорност – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, што се однесува до денешната прес конференција на Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ, јасно е за сите граѓани дека се тоа лаги и конструкции.

– Во тоа не веруваат ни сопартијците на Груевски кои поставуваат прашања, но ништо не се осмелуваат да тврдат, затоа што знаат дека сите институции сеуште се во рацете на криминалната власт и ако имаше и буква точна од изнесените лаги досега ќе беа преземеа соодветни мерки – велат од СДСМ.

 

Поврзани новости