СДСМ: Протуѓер бара од Латас, директор на средно училиште да се спружи на телевизија

by Фокус

Претседателот на Општинскиот комитет на СДСМ во Охрид, Томислав Тунтев ги објави првите аудио-снимки, за како што рече за злоупотребите на власта во предизборниот период. Во аудио – снимките може да се слушне за фабрикувани местеники, злоупотреба на медиумите, купување на градежни парцели од страна на луѓе од власта, како и договори како да се затвори градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Првиот сет разговори, што ги објави СДСМ се меѓу шефот на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер и уредникот на Сител телевизија, Драган Павловиќ – Латас. Протуѓер бара од уредникот на Сител да креираат скандал во кој ќе наместат директор на средно училиште и ќе пуштат фотографија во вестите дека заедно е во џакузи со средношколки и пие шампањ.

Според СДСМ, Протуѓер бара оваа афера да се фбрикува, бидејќи директорот на оваа функција бил поставен од градоначалникот Александар Петрески, а на тој начин ако излезе фотографијата во јавноста ќе предизвика револт кај родителите, кои подоцна би излегле на протести против директорот.

 

Поврзани новости