Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои што работат спротивно на државните и национални интереси на граѓаните на Македонија, преку конфликтите, насилството и инцидентите што ги предизвикуваат со домашната и меѓународната демократска јавност, во обид да се спасат од одговорност за сторените криминали и злоупотреби, велат од СДСМ.
„Граѓаните побараа нови реални политики кои ќе им овозможат достоинствен живот, повисоки плати и квалитетен животен стандард. Програмата на новата реформска Влада ја гарантира унитарноста на државата и обезбедува развој и напредок на земјата. Затоа Ѓорге Иванов е должен да го почитува Уставот, да го даде мандатот на претседателот Заев, кој обезбеди 67 потписи за формирање Влада и да овозможи мирен трансфер на власта“, се вели во соопштение на СДСМ.