14 години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

by fokus 13:30
13:30

Денеска се навршуваат 14 години од убиството на поранешниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ. Почит пред неговиот гроб утринава му одадоа неговото семејството и раководството на Демократската странка.

Српските медиуми известуваат дека уште од раните утрински часови и во текот на денот постојано доаѓаат граѓани кои се поклонуваат и оставаат цвеќе на гробот. Почит на убиениот премиер му одаваат и преставници на другите политички партии.

Политичката позадина, односно кој стои зад убиството на Ѓинѓиќ никогаш не е откриено.

Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 та година во дворот на здградата на Владата. За убиството на 40 години затвор е осуден Звездан Јовановиќ, офицер од единицата за специјални операции во Државната безбедност. На иста казна, како организатор на убиството е осуден и командантот на единицата Милорад Улемиќ.

ФОТО: Курир.рс 

 

Поврзани новости