602
Потврдено од Трајко Славески, политиката на ВМРО-ДПМНЕ е да не се зголемуват платите ниту минималната, ниту останатите плати. „Апелираме немојте да продолжите да ја покачувате минималната плата“. Ова вчера во емисија на ТВ Телма неколкупати, ревносно го застапуваше Трајко Славески, се вели во соопштението на СДСМ.
-ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал е против зголемувањето на платите! СДСМ ги покачува платите во сите сектори и се бори за правна држава. Научени само да грабаат од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против тоа платите да растат. ВМРО-ДПМНЕ е против покачувањето на минималната плата! ВМРО-ДПМНЕ е против покачувањето на платите, против тоа повеќе пари да завршуават кај граѓаните“, соопшти СДСМ.