Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продоложуваат со спроведувања на зацртаните мерки и проекти што го унапредуваат квалитетот на живот и носат повеќе пари назад кај граѓаните, велат денеска од СДСМ.
-Започнат е рокот за аплицирање односно се спроведува мерката со која работниците со ниски примања и приходи до 22 илјади денари ќе можат да искористат петдневен бесплатен субвенциониран одмор вон сезона во некои од домашните туристички центри. Со поднесениот предлог-закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, пак, материјално ќе се обезбедат над 3.500 лица кои месечно ќе добиваат 7.596 денари, посочува СДСМ. Со усвојување на Законот за минимална плата предложен од парламентарното мнозинство, сите вработени во сите стопански гранки ќе добиваат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари, вклучително и вработените во текстилната, кожарската и текстилната индустрија кои досега добиваа пониска минимална плата, се вели во соопштението на СДСМ.