СДСМ: Проблемот со депонијата веќе се решава, да престане лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета рапсоложлива механизација, реагираат од СДСМ.

„Пожарот на депонијата веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши доглогодишниот проблем со струшката депонија за кој ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ништо“, се вели во реакцијата на СДСМ откако од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека Владата не го решавала проблемот

„ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт 11 години го игнорираше овој, како и многу други проблеми на граѓаните на Република Македонија. Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ за ситни политички поени прикажува лажна загриженост за проблемите на граѓаните, барајќи итни мерки дури откако тие веќе се спроведуваат“, стоа во соопштението.

Од партија велат дека е лицемерно ВМРО-ДПМНЕ да бара помош, откако Владата веќе формираше соодветна комисија која ќе се справи со овој проблем и целосно ќе го реши проблемот со депонијата.

„СДСМ, преку реформската Влада што ја предводи, целосно се посвети на санирање на штетите што зад себе ги остави 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и е цврсто определена да спроведе реформи кои ќе донесат добар живот за сите. Наместо да покажува лицемерна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи мерките и реформите кои ќе донесат здрава животна средина, правда и живот за сите“, стои понатаму во реакцијата.

Поврзани новости