Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер признаа вина по обвиненијата во судскиот предмет „Титаник“.
Денешното признание е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски, реагира владејачката СДСМ, откако дел од поранешните обвинети функционери од ВМРО-ДПМНЕ признаа вина во предметот „Титаник“, за изборни измами.
-Ова е показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификувало изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е злостроничко здружение!
Затоа во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше пари за народот, затоа минималната плата беше на половина од сега, само 8.800 денари, затоа платите беа мизерни а граѓаните едвај преживуваа.
Одовде, од пред белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата ја упатуваме пораката дека правдата излегува на виделина и секој одговара пред законите, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.