СДСМ-Прилеп поднесе кривична пријава против директорот на прилепската гимназија

by fokus

СДСМ-Прилеп денеска поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп, против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски поради злоупотреба на службената положба и овластувања.

-Наместо да ги заштити децата од партиски злоупотреби, што му е должност, Николоски самиот, преку партиски говори во гимназијата ги поттикнувал учениците на протести, на коишто се шири национална омраза. Покрај пријавата за директорот на прилепската гимназија, истовремено поднесуваме кривична пријава против Жарко Темелкоски, директор на Средното индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ за истото дело. Надлежните институции мора да постапат по вакви груби злоупотреби на учениците во партиски цели. Никој не смее да злоупотребува учениците за партиски интереси. Денеска ќе побараме и итно свикување на вонредна седница на Совет на општина Прилеп, на којашто мора да присуствува и градоначалникот Марјан Ристески, изјави Миле Талевски, член на Совет во Општина Прилеп од редовите на СДСМ.

Тој додаде дека барањето е потпишано од една третина од советниците, со што според Закон за локална самоуправа претседателот на Совет е должен да свика седница и дека локалната самопурава е должна да ги осуди злупотребите на ученици во средните училишта во Прилеп.

Поврзани новости