-Зошто би верувале на вчерашната изјава на Груевски, а и нели е малку доцна за најави? Премиерот во заминување нема повеќе што да ветува за младите и студентите. Единствен негов “успех” е што исели од државата над 400.000 граѓани, а 75 проценти од младите се гледаат надвор од Македонија, реагираат од СДСМ на вчерашната најава на премиерот Никола Груевски дека Владата ќе гради нов студентски дом.
Од СДСМ потсетија на неколкуте ветувања на Груевски за целосна реконструкција на „Гоце Делчев“, како и на студентскиот дом Медицинар и според нив, до овој момент нема ништо од најавените реконструкции.
-Пратеничката група на СДСМ и опозицијата има поднесено амандман на Предлог Буџетот за изградба на целосно нов студентски центар, во близина на студентскиот дом Гоце Делчев. Но вистински промени како за сите, така и за младите се можни кога оваа власт ќе замине, се вели во реакцијата на СДСМ.