Маратонски преговори за Изборниот законик

by Фокус 22:16
22:16

Се уште траат преговорите на работните партиски групи кои во текот на ноќта ќе мора да најдат решение околу Изборниот законик. Иако со часови трае средбата сепак сите очекуваат дека одново преговорите ќе продолжат во текот на ноќта, а не е исклучено и до раните утрински часови.

Цврстите ставови на партиите за сега не се поместуваат иако странските посредници учествуваа во верзијата на законот кој би требало од утре да влезе во собраниска процедура. Дали и како ќе гласа дијаспората, какви надлежности ќе има ДИК, како ќе работи Управниот суд по жалби, како ќе се уреди избирачкиот список, како медиумите да известуваат од изборната кампања и уште многу други нејаснотии ќе мора да се решат во наредните неколку часа, освен ако повторно сесијата не пропадне, иако странсите не се очекува да го дозволат тоа.

- Advertisements -

Пред стартот на состанокот СДСМ обвини дека власта манипулира со јавноста оти не е точно тврдењето дека СДСМ не сака дијаспората да гласа, туку дека сака еднаквост на гласовите.

Поврзани новости