СДСМ: Правосудните процеси мора да се спроведат до крај во интерес на граѓаните

by Фокус

Актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, велат од СДСМ откако обвинителство отвори истрага за перење пари и други кривични дела, за што две Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец добија 30-дневен притвор.

-Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има. СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости