Тамара заминува на европска турнеја: Многу сум возбудена!

by fokus

Тамара Тодевска, нашата годинашна евровизиска претставничка заминува на европска турнеја. Таа веќе ги најави првите три концерти кои ќе се случуваат во Шпанија, Данска и Германија.

На 5-ти октовмри таа ќе настапи во Мадрид, Шпанија, на втори ноември во Архус, Данска, а пак на 30-ти ноември во Келн, Германија.

-Многу сум возбудена што ќе настапувам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве видам. Наскоро со повеќе информации – порача Тодевска на својата официјална страница.

Пејачката која на земјава и донесе голем успех, откако го освои првото место според жири комисијата на „Евровизија 2019”, неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако при интонирање на химната ги изостави стиховите во кои се спомнуваат Гоце Делчев, Гули и Сандански.

Набргу потоа се извини и појасни дека се работи за ненамерен пропуст, но поради бурните реакции во јавноста го откажа концертот во Охрид и настапот на ,,Пивофест” во Прилеп, кој требаше да се случи на 20-ти јули, во сабота.

На нејзиното место на манифестацијата ќе настапат „Нокаут”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости