СДСМ прашува: Дали Мицкоски му се јавил на убиецот?

by Фокус

Без срам и перде, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го политизира убиството на младиот ракометар, реагираат од СДСМ кон изјавата на опозицискиот пратеник Миле Лефков, кој истакна дека шест дена убиецот е во бегство, за денеска под притисокот на јавноста и медиумите тој да биде пронајден.

„И покрај тоа што случајот е расветлен, сторителите веднаш беа препознаени а потоа и приведени, тоа не ја спречи ВМРО-ДПМНЕ со денови да го политизира овој случај при тоа пласирајќи лажни вести и измислици. По искривената логика на ВМРО-ДПМНЕ дека едно од лицата осомничени за убиството било пронајдено поради притисокот на јавноста, тогаш може Лефков треба да постави прашање дали Христијан Мицкоски му се јавил на убиецот и го натерал да се предаде? Особено што во јавноста и низ медиумите се појавија фотографии каде осомниченото лице и Мицкоски се фотографирани во срдечна и пријателска атмосфера“, соопштија од СДСМ.

Претходно, Лефков изјави дека Спасовски треба да одговори што правело МВР од четвртокот рано утрото до попладнето кога вели дека излегле на терен.

-Дополнително Спасовски треба да одговори и дали во непосредна близина на настанот имало и полициски службеници кои не го спречиле настанот? Ракометарот Тот можеби можел да биде спасен, доколку реакцијата на МВР била побрза, а со сигурност убиството ќе било расчистено уште првиот ден доколку Спасовски и КАРИЛ не го претставуваа убиството како несреќа, туку се насочеа кон расчистување на случајот – рече тој.

Поврзани новости