Лажниот патриот Никола Груевски и соработниците кои со години се пазарат со Ахмети и ДУИ во тендер коалицијата и сценираат по нарачки меѓуетнички инциденти, мора да се навикнат дека за нивните провокации нема повеќе место во единствена граѓанска Македонија, реагираат од опозицискиот СДСМ.
– Обвинетиот Груевски и неговата фамилија не знаат што да направат во паниката во којашто се наоѓаат, но напразно се мачат, не можат да избегаат од одговорност. Прашањето за употребата на јазиците е дефинирано со Уставот и законите на Република Македонија! Времето на поделбите на Груевски и неговата власт, а и на криминалите завршува – се наведува во партиското соопштение од СДСМ.
Партијата истакнува дека гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права и обврски пред Уставот и законите.
– Во единствена, праведна, правична Република Македонија по декември, секој кој крадел, лажел, корумпирал, нанесувал зло на граѓаните, правел криминал, ќе одговара – истакнуваат од партијата.