Видео: Протест на „Браќа Манаки“ – се качи на сцена и ги фрли чевлите

by Fokus

На вчерашното свечено затварање на фестивалот „Браќа Манаки“, две лица кои учествуваа во перформансот за кој обвинија дека е забранет, се качија на сцената а една од нив ги соблече и ги фрли чевлите, јави телевизија Орбис.

Протестот е во знак на револт, откако вчера сценската изведба на перформансот „Циклусот на животот“ предвидена за затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ беше забранета.

Тие обвинија дека забраната доаѓа од политички кругови, а од Управата на „Браќа Манаки“ се правдаа дека причината бил отпадот од праски, сливи, дињи што требало да биде оставен на сцената.

Поврзани новости